Toyota Aygo X – градско возило со кросовер елементи

ОБЈАВЕНО НА:

Третата генерација на компактниот Toyota Aygo дебитираше како целосно нов модел, кој за разлика од претходните две генерации повеќе не е истиот. Тоа е нивниот прв модел од А сегментот што вградува во себе елементи на кросовер.

Aygo првпат беше претставено во 2005 година како дел од соработката со PSA, и тогаш исто така бее промовирани „братучедите“, Citroen C1 и Peugeot 107. Тројката ја доби својата втора генерација во 2014 година, но француските марки ги откажаа C1 и 108 и го напуштија сегментот, додека Toyota го преориентираше и го задржа компактниот модел, но со многу промени.

Сега на европските купувачи Toyota сака да им понуди „компактен урбан кросовер“. Концептот беше дизајниран во Франција, со продукциска верзија што дојде од Белгија. Дизајнерите на Toyota направија одлична работа во трансферот на дизјанот од концептот во реланиот модел, а некои детали му донесоа свежина на Aygo X.

Во понудата на Aygo X комбинација на неколку бои кои во комбинација со црни детали му даваат одличен изглед.

Toyota Aygo X

Новото Aygo порасна во големина и сега може да се пофали со должина од 3,7 метри, што е за 235 мм. повеќе од претходно, додека растојанието порасна за 90 мм. за повеќе простор во внатрешноста. Ширината исто така е зголемена за 12,5 см. а висината веќе достигна 1.525 мм. или 65 мм. повеќе од претходно.

Новото Aygo веќе се приклучува кон кросоверите, а не кон компактните градски возила, и поради тоа има зголемен клиренс, декоративите пластични делови на браниците, калници и прагови, и се додава „Х“ во името на моделот. Повисоката положба за седење од 55 мм. е исто така дел од оваа листа.

Визијата на Aygo е поврзана со концептот Prologue што беше виден пред еден месец, но со доста поедноставни форми. Внатрешноста се заснова на контрастните елементи кои ги пренесуваат боите на надворешноста, какви што можеме да најдеме околу рачката за брзина, прозорецот, седиштата и управувачот.

Под поклопецот на Aygo X ќе работи 1 литарски атмосферски бензински мотор со сила од 72 КС и максимален вртежен момент од 93 Нм. поврзан со механичка трансмисија со 5 брзини или автоматска трансмисија. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч. е за 15 секунди во зависност од конфигурацијата.

Потрошувачката на гориво според WLTP е 4,7 литри на 100 км., со мануелен менувач, и 4,9 литри со CVT. Продажбата на моделот почнува во 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK