Torres e новиот SUV на SsangYong – ќе има електрична верзија за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата SsangYong Motor објави дека името на сериската верзија на SUV концептниот развој J100 ќе се вика Torres и прифаќањето на нарачките за негово купување во Кореја ќе почнат да се прифаќаат во јуни оваа година.

Заедно со објавувањето на името, SsangYong ги дистрибуираше и првите слики од својот целосно нов SUV модел и рече дека ќе биде прв од ваков вид за брендот што ја одразува новата дизајнерска филозофија Powered by Toughness.

„Пазарот на теренци продолжува да се шири и да прифаќа нови варијанти, а со Torres ја пополнуваме празнината помеѓу теренците со средна големина како Korando и големите теренци како Rexton“, коментираат од SsangYong. „Овој потег ќе создаде дополнителен пазарен сегмент и ќе ни отвори нови можности, особено кога продолжуваме да ја развиваме понудата на производи и да додаваме вредност и оригиналност.

SsangYong објави и дека за европскиот пазар е планирана специјална целосно електрична верзија на Torres, која ќе биде лансирана на крајот на следната година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK