Многу е едноставен бизнис светот доколку имате пари и моќ како што има Tesla. Замислете, имате бизнис, зависите од вашиот добавувач, а тој “флертува” со останатите компании, ваши конкуренти од бизнисот.
Единствено нешто што ви преостанува е да го купите. А тоа го прави сега Tesla кој е на само чекор од купување на компанијата Hibar.
Станува збор за компанија специјализирана за производство на батерии за електрични автомобили како и производство на системи за склопување на литиумско-јонски батерии, а која е долгогодишен снабдувач на Tesla.
Засега нема официјални информации околу купопродажбата, но доколку се реализира во целост тогаш Tesla ќе ја намали зависноста од останатите глобални добавувачи како LG и Panasonic кои исто така се добавувачи на американскиот производител.