Tesla ќе ги брка крадците со музика од Бах (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот режим за безбедност на Sentry Mode во електромобилите на Tesla ќе ги брка крадците со „Тoccata and Fugue in D Minor“ од Јохан Себастијан Бах. Ваквата информација беше објавена од страна на првиот човек на Тесла, Елон Маск. Првата бета верзија на системот ќе се појави во Model S, Model X и Model 3 и тоа за само 2-3 недели.

Покрај оригиналната верзија, Sentry Mode ќе може да произведува поинаков звук и да го репрудицира делото во тешка хевиметал варијанта. Една од функциите на системот ќе ги користи камерите со 360 степени за да може да има целосен преглед за тоа што се случува околу автомобилот.

Во декември Елон Маск лично ја објави појавата на новата функција во електромобилите. Во режимот Emissions Testing Mode борд електрониката дава можност за репродукција на различна боја на звук и јачина на секое од местата во автомобилот.

Доколку не ви е позната композицијата тогаш можете да ја слушнете во видеото во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK