Tesla го направи првиот Model 3 со два мотори

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот на мај, првиот човек на Тесла, Елон Маск ги откри првите детали за новата верзија на Model 3, која е опремена со два електромотори, кои ги придвижуваат четирите тркала на електромобилот.

Сега шефот на оваа компанија објавува дека првиот претставник на новата модификација е веќе реалност и е пред реализација.

„Исклучително добра работа од екипата на Tesla. Изградивме целосно нова линија за три недели со минимални ресурси. Толку многу ве сакам луѓе“, напиша Маск на Твитер.

Според информациите кои се објавуваат, Model 3 AWD (Performance) ќе биде во состојба да забрзува од 0 до 96 км/ч за 3,5 секунди, а максималната брзина ќе биде 250 км/ч. Со едно полнење на батеријата ќе може да се вози до 500 километри. Стандардната AWD модификација на Model 3 AWD ќе понуди забрзување од 0 до 96 км/ч за 4,5 секунди и максимална брзина од 225 км/ч.

Tesla Model 3 AWD, опремена со сите достапни опции, но без активиран систем за автономно управување Autopilot, ќе чини 78.000 американски долара.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK