TCR Europe: Џиролами повторно на подиум – Давидовски со бодови од Нирбургринг

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на PSS Racing се враќа со три појавувања на подиумот од TCR Europe што се возеше на Нирбургринг во Германија. Франко Џиролами на двете трки беше второпласиран, додека Виктор Давидовски беше на подумот на втората трка во Daimond Cup.

Слабиот старт и двата мали контакти со други возачи го чинеа Виктор Давидовски подобра резултат на трката во Германија од TCR Europe. Возачот на PSS Racing тргна од второто место, но имаше лош старт а потоа и двапати за малку ќе излеташе од патеката, но го смири автомобилот и на крајот на трката освои нови пет бодови, со што ја продолжува традицијата да собира бодови сезонава, која е неговата најдобра досега во TCR Europe.

Аргентинецот Франко Џиролами уште еднаш се искачи на второто место на подиумот, повторно зад победникот Микел Аскона. Возачот на PSS Racing, Џиролами имаше одличен старт и веднаш изби меѓу првите тројца возачи по првите свиоци. Потоа го презеде второто место и таму остана до крај на трката. Со новите 35 бода од втората трка, Џиролами го задржа второто место во генерален пласман со 279 бода.

Во генерален пласман води Аксона со 316 бода, пред Џиролами со 279, Лангевелд 225, Бенани 195, Т.Коронел 183, Т.Кларе 173, Баер 166 итн.

До крајот на првенството има уште два тркачки викенди и 4 трки. Првиот викенд е на крајот од месецов во Италија на Монца, а последниот н апочетокот на октомври во Барселона.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK