Tatra ќе прави нови возила во ретро стил

ОБЈАВЕНО НА:

Следната година треба да се донесе одлуката дали навистина ќе се произведуваат вакви автомобили, а и доколку тоа се случи почетната цена ќе биде 100.000 долари за седaн од премиум сегментот.

Компанијата Tatra е позната по производство на камиони, но малкумина знаат дека Чесите на почетокот на минатиот век произведуваа и автомобили, и тоа луксузни, технички и дизајнерски напредни, па затоа имаа и висока репутација.

Според последните најави овој бренд би можел да се врати на сцената и тоа веројатно со познатиот модел Т87. Истиот би бил направен на модерна платформа, но со ретро изглед на каросеријата. Компанијата се уште ја поседува интелектуалната сопственост и правата за стариот дизајн.

tatrat87-1 tatrat87-2

Проблем е што во моментов производниот програм на Tatra не опфаќа ништо слично на патнички автомобили. Евентуалното производство на возила во иднина би се направило во соработка со добавувачи и други производители. Законската регулатива дозволува производство на модернизирани класични модели и мали сери, и нивна продажба како нови.

Производството на моделот Tatra T87 почнал во 1936 година. До пред Втората Светска војна моделот има трилитарски V8 мотор сместен во задниот дел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK