Сите СУВ во светот заедно загадуваат годишно како шестата најзагадувачка земја во светот, според едно истражувањето. Според Меѓународната агенција за енергетика, околу 330 милиони теренци произвеле исти емисии како Германија и В.Британија заедно во 2022 година.
Возилата трошат околу 20% повеќе гориво од автомобилите, но нивната набавка е зголемена во последните години. И покрај проблемите со синџирот на снабдување и вкупниот пад од 0,5% во продажбата на автомобили, продажбата на SUV се зголеми за 3% во 2022 година. Тие сочинуваа 46% од вкупната продажба на автомобили таа година.
Активистите за климатски промени се повеќе се загрижени за влијанието на теренските возила. Активистичката група „Tire Extinguishers“ соопшти дека ги „издувала“ гумите на стотици SUV возила во Европа во понеделникот вечерта пред првата годишнина од нејзината кампања.
Возилата се поголеми и потешки од обичните автомобили и трошат во просек 20% повеќе гориво. Зголемениот број на теренци во 2022 година е одговорен за една третина од зголемувањето на глобалната побарувачка на нафта.
Набавките на SUV се зголемија во последниве години, зголемувајќи се од 20% од новите автомобили во 2012 година на 46% од сите автомобили минатата година. Порастот продолжи во 2022 година, вклучувајќи значителен раст во САД, Индија и Европа, и покрај благиот пад на вкупната продажба на автомобили.
Околу еден од шест SUV продадени во 2022 година бил електричен.