Страв или… Пад од 92% на продажбата на автомобили во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија е можеби пред најголемата криза во новиот милениум. Економскатаа криза од пред десеттина години успешно ја пребродија компаниите, но веднаш потоа следеше Дизелгејт скандалот и аферите со издувните гасови кои ги опфати најголем дел од светските производители.

Сега, на оваа афера се надоврзува епидемијата со коронавирусот која го блокираше работењето на мултинационалните производители на автомобили. Европските и јапонските производители го сопреа производството во Кина, а редуцирано е и производството во останатите фабрики на овие производители поради недостатокот на компоненти, во главно оние кои се произведуваат во Кина.

FCA пак, објави дека го намалува обемот на производство во фабриките во северниот дел на Италија, а при тоа го ограничува и пристапот на лица до овие фабрики и другите административни објекти.

Но, се чини најмногу со ова е погодена автомобилската индустрија во Кина. Последните бројки околу продажбата во првите две недели од февруари покажуваат голем пад. Споредбено со истиот период минатата година забележан е пад од неверојатни 92% во Кина што е еден од најголемите пазари а нови атомобили.

Оваа продажба и натаму се очекува да паѓа, а тоа на финансиски план ги погодува како кинеските така и останатите производители кои произведуваат и продаваат на пазарот во Кина. Прогнозите се дека во првото полугодие ќе има пад од 10 отсто на вкупната продажба, а во 2020 година тој пад ќе биде околу 5 отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK