Компанијата Stellantis сака да го забрза ширењето на електричнта мобилност. За таа цел компанијата основаше заедничка фирма Free2Move eSolutions со Engie EPS. Новоформираната компанија би сакала да го олесни преминот кон електромобилност преку иновациски решенија за приватни и корпоративни клиенти.
Понудата на Free2Move eSolutions варира од easyWallbox, plug-and-play станицата за полнење за приваатни апартмани до eProWallbox, интелигентна, флексибилна и мрежна станица за полнење, која работи со струја за полнење до 22 киловати и им обезбедува на професионалните корисници и менаџери на автопарковите со едноставно управување со далечинско овозможено од дигитална платформа.
Системот ePublic, од друга страна, е идеален за инсталирање на отворено, како и во јавни и полујавни средини, додека eFleet нуди оптимална флексибилност, која ги обединува системите за брзо полнење и V2G услуги за автомобили, автобуси и камиони со еден производ.
Услугата eFast дозволува брзо полнење – доволно енергија за растојание до 100 километри за помалку од 30 минути. eFast комбинира технолошка иновација и одржливост при употреба на рециклирани батерии од автомобилската индустрија. Овие батерии од втор век на траење се идеално решение за бензински пумпи, хотели, комерцијални згради и мали возни паркови со електрични автомибили.
Исто така иновациски е и ePost CityWay, револуционалерно и патент решение за брзо полнење, кое ја користи постојната инфраструктура за трамвари и тролејбуси. На овој начин станиците за полнење можат да се имплементираат во градската средина каде што ширењето на електричната мрежа или на новите врски е навистина тешка одлука.
Понудата на Free2Move eSolutions вклучува и месечни сеопфатни претплати „ all inclusive“ за полнење на електрични превозни средства дома и во движење. Понудите се во согласност со навиките а плаќање на корисниците. Ова овмозожува употреба на 100 проценти одржливи извори на енергија, како и употреба на постојните програми за државно финансирање.