Ставивте зимски гуми, но дали го направивте и ова?

ОБЈАВЕНО НА:

Сега е период кога се менуваат гумите, и од летни се префрламе на зимски. Многумина купуваат нови, некои ги користат ланските, па само ги менуваат фелните… Најважно е да се има потребната зимска опрема, односно зимски гуми, пред се.

Некои при менување забораваат да направат една важна работа – да ги балансираат тркалата. Во брзање да ги сменат гумите, особено кога има гужва, а тие користат посебни фелни, забораваат на една важна работа. Балансирањето на тркалата е многу важна точка кога станува збор за удобноста на возилото бидејќи бандажите и гумите не се совршено рамни, па е потребна интервенција.

Вибрациите понатаму се пренесуваат преку воланот до возачот на автомобилот и создаваат многу незгодно чувство при возењето. За да се ослободите од овие вибрации и да се зголеми удобноста при возење после монтажата на гуми на тркалата мора да се избалансираат.

Вибрациите, кои се последица на лошо балансирани или воопшто небалансирани тркала, ќе се појават при одредена брзина на возилото, најчесто во опсег од 90 до 150 км/ч.

Правилното балансирање на тркалата носи:

– намалено трошење на механички делови на автомобилот;

– умерена потрошувачка на гумите;

– зголемена удобност во возењето.

Важно е да знаете дека балансирањето задолжително се прави кога се менуваат гумите односно се ставаат на фелните. Секое менување значи и балансирање.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK