И покрај новите регулативи за увоз на половни автомобили што меѓу другото опфаќаат и поголеми давачки, увозот на употребувани патнички автомобили бележи континуиран раст.
Официјалните податоци на Царинската управа на Република Македонија покажуваат дека во јуни годинава се увезени 3.974 употребувани патнички автомобили што е повеќе од било кој месец оваа година, но и повеќе од било кој месец минатата година.
Доколку се земе увозот во првите шест месеци годинава, тогаш се доаѓа до бројката 18.996 употребувани автомобили наспроти само 2.902 нови патнички автомобили. Со ова продолжува континуитетот во порастот на увоз на употребувани автомобили наспроти оние новите.
Оттука логички се поставува прашањето кога македонскиот пазар на половни автомобили ќе биде заситен односно понудата ќе ја надмине за многу побарувачката? Пазарната логика придвижена од побарувачката веројатно чудно делува во Македонија ако се има предвид дека новите автомобили во Македонија никогаш не биле подостапни за населението. Тоа може да се види во намалувањето на каматните стапки за автомобилски кредит и лизинг услуги.
Дополнително, изминатите години во Македонија се увезоа и тоа како голем број на употребувани патнички автомобили, а исто така може да се забележи дека бројни авто-плацеви се преполни со автомобили.
Ваквата состојба не делува врз цената на овие автомобили кои ја држат во континуитет неколку години и покрај генералната состојба на пазарот на автомобили во Македонија. Увозот продолжува да расте па интересот како-таков останува за употребуваните автомобили. Можеби сето тоа во недостаток на државни субвенции кои иако неколку пати беа најавувани сепак никако да се спроведат во пракса.
Од сето ова, единствено логично прашање што се поставува е тоа дали Македонија станува отпад на Балканот за употребувани патнички автомобили од Европската Унија?
Во меѓувреме одговорете на нашата анкета
[totalpoll id=”67093″]