Како се приближува саемот во Женева така производителите полека ги откриваат своите карти.
Последен во низата авто производител кој го најави своето присуство е јужнокорејскиот производител SsangYong кој објави дека на овој саем ќе ја претстави новата генерација на моделот Korando.
Новата генерација која ќе добие и електриен погон се темели на истата платформа како и моделот Tivoli. Под хаубата ќе ги добие истите мотори како и наведениот модел односно ќе биде достапен со 1.6 литарски бензински и дизелски мотор кој доаѓа во комбинација со мануелен и автоматски менувач.
Со оваа нова генерација доаѓа и богата опрема за безбедност и асистенција како што се сензори за алармирање на мртов агол, помош при стартување на угорнини, систем за избегнување на судар, систем за предупредување на напуштање на коловозна лента и многу други системи.
Korando најпознатиот модел во понудата на јужнокорејскиот производител. Во понудата се појавува во 1982 година кога е лансирана првата генерација, а од тогаш па се до денес во континуитет е дел од понудата на SsangYong. Инаку покрај во Јужна Кореја, овој SUV се произведува и во Русија, Украина, Шри Ланка и Бразил.