Spyker излегува од криза – продолжува производството

ОБЈАВЕНО НА:

Се сеќавате ли на холандскиот производител Spyker? Со право подзаборавениот производител се враќа на автомобилската сцена откако најде нови партнери за своите проекти.

Овој производител кој е основан во 1999 година во 2013 година се соочи со финансиски проблеми, па производството и продажбата беше сведена на 0.

Сега, по долги години пасивност, Spyker Group ги соедини силите со BR Engineering и SMP Racing како и маркетинг компанијата Milan Morady. Со ова започнува амбициозниот план за рестарт на прпоизводствените активности. Така прв во производство ќе се најде моделот C8 Preliator кој во 2016 година беше претставен на саемот во Женева.

Исто така оваа компанија наведува дека ќе започне и со мрежа на официјални сервисни центри кои ќе имаат за цел да понудат сервисни услуги на досегашните 265 сопственици, но и на идните, а го најави и отворањето на својот прв продажно-изложбен салон во Монако.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK