TWINGO CUP се враќа и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Најмалку 19 македонски возачи во иднина ќе се тркаат на ридски патеки во Македонија како дел од домашното првенство и за Twingo Cup. Ова го потврди Зоран Калеников, од АКК Рено Спорт под чија капа последните четири години (три сезони) се возеше Twingo Cup, најмногу на кружни патеки надвор од Македонија.

Но ноември со две трки на патеката Серес во Грција заврши тригодишниот циклус по кој беше познат и севкупниот победник. Тоа беше Давид Малинковски кој како награда добива електрично Renault Twizzy. Тој беше шампион лани, а годинава најдобар н апатеките со најмногу победи и освоени бдови беше Марко Блажевски.

„Во 2024 сигурно ќе возиме на трка во Кочани, ридска. За друга кружна патека, немаме можност бидејќи на Скопје има високи тротоари, а Кичево не е безбедна. Но, на некои ридски сигурно ќе возиме. Ако имаме некоја патека во Македонија слично како Серес тогаш би имале секој месец некоја трка, потврди Зоран Калеников во интервју за www.24auto.mk.

Тој потврди дека ќе се набават уште 10 нови возила Twingo Кои треба да стигнат следната година и ќе се корист од 2024 година. Најавено е дека в година ќе има и нови возачи во купот.

„Има двајца нови возачи или евентуално три. Остануваат девет возила. Ненад Костовски Нешо нема да вози, и на негово место доаѓа нов возач. И Ангелче Стојковски кој е првак во мотокрос во Македонија заминува и доаѓа друг возач на негово место. Сегашниот и ланскиот првак остануваа во Twingo Cup. Ќе се обидеме да им овозможиме 1 или 2 викенди и во Clio Cup, на некоја друга патека, вели Калеников.

Прочитајте го целосното интервју на Зоран Калеников, и што се ќе биде ново во 2023 година во Twingo Cup.

ИНТЕРВЈУ ЗОРАН КАЛЕНИКОВ – Twingo Cup е приказна што ќе продолжи, купуваме уште 10 возила, ќе возиме и во Македонија

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK