Renault прави целосно нов мотор за следната сезона

ОБЈАВЕНО НА:

Од францускиот тим доаѓаат информации дека работи на целосно нов мотор што ќе се користи за следната сезона во Формула 1. Сегашниот 1,6 литарски В6 турно мотор постојано имаше некои проблеми откако беше направен во 2014 година, а лани тимот на Red Bull за малку не се откажа токму поради моторот на Renault.

Според првите луѓе од Renault, потенцијалот на сегашниот мотор е веќе дојден до својот лимит, и токму затоа се работи на нов мотор. Тој треба да биде целосно нов, и ќе биде многу подобар од сегашниот. Засега сите резултати одат според очекувањата.

Последните три сезони во Ф1 доминира Mercedes кој користи мотор каде се разделени турбината и компресорот. Од Renault велат дека тие нема никого да копираат и оти се работи за нивен сопствен концепт на мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK