Младиот македонски возач Давид Малинковски викендов ја почнува новата тркачка авантура и првата полна сезона во Renault Clio Cup. Откако три сезони „собираше искуство“ и ја освои титулата како „севкупен победник“ сега реши да се испроба во повисока класа. Откако пред неколку недели ги имаше официјалните тестирања во Италија, сега почнува со трките.
Малинковски е првиот и единствен Македонец што ќе вози во Clio Cup. Го задржа бројот 22 на возилото, и со тој број беше шампион на Македонија во 2021 година во Twingo Cup, a лани стогна до вице-шампионската титула. Првиот предизвик ќе го има на патеката Ошерслебен во Германија. Голем број млади и талентирани возачи ќе бидат на стартот. Тешко е да се предвиди кој од нив ќе донесе шампионско возење.
За првата трка пријавени 14 возачи од осум земји (Хрватска, Словенија, Чешка, Македонија, Германија, Австрија, Словачка и Унгарија). Рано наутро се квалификациите (во 9,30 ч.), а потоа во 11,45 е првата трка. Втората трка е во 15.10 часот.
Четвртата и петтата генерација на Clio повторно ќе се сретнат на патеката. Но, оваа година нумеричка предност ќе има поновиот верзи на Renaul Clio V. Оваа техничка спецификација ќе ја вози актуениот шампионот на Euro Twingo купот, Ник Штефанчич, потоа Миха Приможиќ, Давид Малиновски, Хенрик Зајбел, Адам Конопка, Дејан Робида, Ондреј Фекете и исто така шампионот во Clio Cup, Томаш Пекаж.
Иако чешкиот тркач Пекар е фаворит за победа на секоја трка, зад себе има голем број мотивирани млади возачи кои се гладни за докажување, па и за победување.
Словенецот Ник Штефанчич го освои Twingo купот во последните две години, нешто што досега не успеал да го направи ниту еден возач и сега пред себе гледа кон новиот предизвик во кариерата.
Од Euro Twingo Cup во Clio Cup се сели и Давид Малиновски. Од друга страна, Миха Приможич, кој речиси редовно завршува во топ 3, има големо искуство со Clio. Збор за врвните резултати би можел да има и Хенрик Зајбел. Тој го имаше своето деби со Clio V минатата година и зад себе има искусен ментор во форма на колега како што е Томаш Пекар.
„Постарата верзија“ на Clio IV, исто така, ќе има силна застапеност. Саболч Лантос лани се бореше за титулата со Тобијас Пошик и заврши на второто место во првенството. Затоа тој е фаворит за овогодинешниот шампионат. Сепак, Мартин Кадлечик веќе го покажа својот неоспорен талент на неговиот единствен старт на Clio Cup минатата година и на него треба да се смета и во борбата за првите позиции. Мајкл Хулм исто така имаше одличен настап во своите стартови на Red Bull Ring и Slovakia Ring минатата година, и заземајќи го првото место во Австрија.
На патеката ќе биде и Томас Фишер од Австрија. Игор Томљановиќ ќе ги брани хрватските бои, а на асфалтот ќе бидат и чешките возачи Ричард Мајкснер и Јиржи Збожинек.
Календарот на ESET Clio Cup се состои од 6 тркачки викенди и едно пред сезонско тестирање. Првиот тркачки викенд се вози на 8 и 9 април во Ошерслебен (Германија). Потоа серијата продолжува во Унгарија на патеката Хунгароринг (29/30 април), а на 20 и 21 мај ќе се вози на патеката Ред Бул Ринг во Австрија. Во текот на летото, во август се предвидени две трки, првата во Чешка на патеката Мост (5/6 август), а на 19 и 20 август на Словакиа Ринг. Сезоната ќе заврши на 9 и 10 септември на патеката Брно во Чешка.