За квалитетот на Skoda постојано доаѓаат потврди, а сегашните награди од читателите на магазинот на Auto Zeitung каде по 34 пат се доделува „Auto Trophy“. Меѓу наградените се најдоа Fabiar, Octavia, Kamiq, Superb и Enyaq iV, a вкупно 12.126 читатели гласале во изборот.
Skoda освои повеќе награди од кој било друг бренд – осум победи во 34-та анкета на читателите на „Auto Trophy 2021“ организирана од германскиот магазин за автомобили Auto Zeitung. Чешкиот бренд го постигна најдобриот резултат досега во историјата на анкетата на читателите.
Моделот Fabia ја остави зад себе конкуренцијата меѓу увозните возила во категоријата „градски автомобили/мали автомобили“, исто како и Octavia во категоријата увезени компактни модели. Kamiq беше прогласен за најдобар SUV до 25.000 евра во увозното рангирање, а Superb освои трофеи како увозен победник во „луксузната класа“ и за најдобра вредност за парите. ENYAQ iV ја освои првата награда во категоријата „E-SUV до 50.000 евра“. Kaко увозен и како целосен победник. Читателите исто така ја изгласаа Skoda за „Најдобар увозен бренд“.
Во 34-тото издание на „Auto Trophy“, читателите ги избраа своите омилени возила од 248 модели и 138 марки во 36 категории. Skoda ја освои титулата „Најдобар увозен бренд“ со 34,9 отсто од гласовите. Ова беше осми пат по ред од 2014 година како чешкиот производител ја освојува титулата во анкетата на читателите.
Во категоријата „Градски автомобили/Мали автомобили“, Skoda FABIA обезбеди победа меѓу увозните возила, добивајќи 29,6 отсто од гласовите.
Skoda OCTAVIA ја продолжи својата победничка серија со овогодинешниот успех како најдобро увезено возило во категоријата „Компактни модели“: 28,9 отсто од испитаниците гласаа за него, со што го искачија на првото место. За бестселерот на чешкиот производител на автомобили, овогодинешната награда „Auto Trophy“ сега е осми трофеј по ред и вкупно 14-та победа.
Skoda KAMIQ го доби својот прв „Auto Trophy“ набргу по неговото лансирање на пазарот во 2019 година, и го следеше овој успех во 2020 и 2021 година: добивајќи 32,5 отсто од гласовите на читателите, се најде на првото место меѓу увезените „SUV“ до 25.000 евра.
Skoda SUPERB повторно имаше импресивно прикажување на „Auto Trophy 2021“; моделот од средна класа го освои првото место во две категории. Во категоријата „луксузна класа“, речиси секој четврти читател (24,7%) се одлучил за модел со средна големина. Во исто време, со 29,2 отсто од гласовите, SUPERB излезе на врвот како возило кое нуди најдобар сооднос цена-перформанси.
Skoda ENYAQ iV по втор пат влезе во трката за наградите „Auto Trophy“. Како и во 2020 година, целосно електричниот SUV оваа година повторно ги освои читателите и онлајн корисниците на Auto Zeitung, освојувајќи го увозното рангирање во категоријата „Електрични теренци до 50.000 евра“ со 33,9 отсто од гласовите. Во исто време, таа ја надмина конкуренцијата во овој сегмент, добивајќи 24,6 отсто од гласовите за да ја освои вкупната победа.