Skoda со гени на VW: Официјално претставена Skoda Scala

ОБЈАВЕНО НА:

На специјална церемонија во одржана во израелскиот град Петах Тиква, Skoda премиерно го претстави долго најавуваниот модел Scala.

Екстериерно овој модел сосема очекувано изгледа многу приближно како и концептот Vision RS кој годинава беше претставен на саемот за автомобили во Париз. За целокупниот дизајн најзаслужен е Оливер Стефани чије име се запишува зад дизајнот на овој автомобил.

Главниот дизајнер на чешкиот производител кој функционира во рамките на Volkswagen Групацијата очигледно дека ја заврши својата работа на најдобар начин. Привлечниот, модерен и на моменти агресивен изглед е сосема доволен да измами воздишки. Екстериерот остава голем впечаток, а исто така Оливер Стефани се потрудил тој да изгледа многу поинаку од останатите модели од Volkswagen Групацијата иако е дизајниран во познатата рамка на дизајнерска филозофија на германскиот производител.

Новата Scala се темели на продолжената MQB A0 платформа, истата онаа платформа на кој ќе се темели и идниот кросовер Vision X, а на која во моментов се темелат Seat Leon, Seat Ibiza, Audi Q2, Audi Q3, VW Polo, VW T-Roc и други модели.

Во поглед на димензиите, должината на овој автомобил изнесува 4.362 мм, висината 1.471 мм додека ширината 1.793 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.650 мм.

Во однос на мотористиката во понудата, Scala ќе биде достапна со три бензински и по еден дизелски и мотор на метан. Основниот 1.0 литарски бензински мотор доаѓа со три цилиндри, 95 КС и пет степен мануелен менувач.

Тука е и помоќната варијанта која продуцира максимални 115 КС и 200 Nm, а во понудата доаѓа со шест степен мануелен менувач со достапна опција од седум степен автоматски DSG менувач. Најмоќната бензинска варијанта доаѓа со 1.5 TSI мотор со 150 КС и 250 Nm достапен со шест степен мануелен и седум степен автоматски DSG менувач.

Тука е и 1.6 литарскиот дизелски мотор со 115 КС достапен со шест степен манеулен и седум степен DSG автоматски менувач како и 1.0 литарскиот G-Tec мотор на метан со 90 КС.

Во внатрешноста доминира комплетно дигитализирана табла Virtual Cockpit, како и мултимедијален комплекс со поддршка на MirrorLink, Apple CarPlay и 9,2-инчен дисплеј. Софтверот ќе биде достапен преку интернет, а автомобилот ќе може да се отклучи со помош на смартфон.

Во однос на просторноста овој автомобил го добива епитетот “Најдобар во класата” благодарение на основните 467 литри багажен простор кој може да порасне до неверојатни 1.410 литри доколку се спушти задната делива клупа.

Skoda Scala кој во понудата на чешкиот производител доаѓа на местото на Rapid во производство ќе се најде следната година и тоа во фабриката во Млада Болеслав, а покрај хечбек верзијата достапна ќе биде и караванска верзија.

Точната цена останува непозната, а се очекува почетната цена да изнесува околу 14 илјади евра во Германија.

 

 

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK