Skoda во пресрет на премеирата на концептот Vision In објави кратко тизер видео.
Од видеото се гледаат првите екстериерни детали за изгледот. Тука е препознатливата предна маска како и светлата кои се инспирирани од Skoda Karoq. На задниот дел се наоѓаат линиските стоп светла.
Овој модел е идентичен на големите на Kamiq, во моментов најмалиот SUV на чешкиот производител кој е достапен во Европа. Должината изнесува 4,26 метри, а се базира на MQB A0 модуларната платформа.
https://youtu.be/84NbABWhX08
Премиерата на овој модел е закажана за следниот месец во рамите на саемот за автомобили во Делхи, Индија. Иако засега нема информации, овој модел најверојатно ќе биде достапен само во Индија и околните земји.