Skoda Fabia Monte Carlo – за оние што бараат нешто поинакво

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda ги распространи деталите, фотографиите и видеа од новата генерација на FABIA MONTE CARLO, за која од брендот велат дека е развиена со идеја за оние клиенти на компанијата кои уживаат во возењето и бараат нешто поинакво. Моделот им се приклучува на сличните верзии од ривалиските брендови како што се Renault Clio RS Line, Ford Fiesta ST Line, VW Polo R line, Toyota Yaris GR Sport..

Skoda Fabia Monte Carlo ја продолжува традицијата на компанијата да нуди дополнителна димензија во поглед на спортскиот изглед и динамичното однесување при возење, каде што се нагласени со нови црни елементи, вклучувајќи ја предната маска, капаците на надворешните ретровизори, спојлери, нов распоред на предниот браник, дополнителни украсни елементи, ексклузивни за верзијата 16-инчни алуминиумски тркала Proxima (17- и 18-инчни како опционална опрема) и други.

Skoda Fabia Monte Carlo

Skoda Fabia Monte Carlo ја продолжува традицијата на компанијата да нуди дополнителна димензија во поглед на спортскиот изглед и динамичното однесување при возење, каде што се нагласени со нови црни елементи, вклучувајќи ја предната маска....

Внатрешноста на новата Fabia Monte Carlo импресионира со посебни амблеми на мултифункционалниот волан со кожен тапацир и преден панел, затемнети задни стакла, црн таван, виртуелен кокпит од 10,25 инчи со распоред специфичен за верзијата и многу повеќе.

Моделот е достапен во четири верзии на мотори, чија максимална моќност варира од 80 до 150 коњски сили. Во својата врвна верзија – 1.5 TSI EVO, автомобилот може да забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 8 секунди и да развие максимална брзина од 225 km/h.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK