Најновите информации коишто ги достави агенцијата LMC Automotive, покажуваат дека во минатиот месец светските продажби на нови лесни автомобили забележале пад од 1,3 проценти во споредба со февруари во 2017 година. Според бројките минатиот месец биле продадени вкупно 6.841.467 возила.
Главната причина за придвижувањето на бизнисот, но и за падот во февруари е Кина каед што е забележан пад од дури 9,1 процент односно биле продадени 1.722.967 автомобили. Пад е регистриран и на територијата на САД од 2,4 проценти (продадени се 1.299.520 возила), Јапонија од 2,1 проценти (469.139 возила) и Кореја 7,7 проценти (122.925 автомобили).
Позитивен резултат е забележан во Канада со пораст од 2,3 проценти (125.553 возила), Западна Европа од 3,8 проценти (1.185.935) и Источна Европа од 13.5 проценти (314.440 возила).
И понатаму сериозен фактор во автомобилскиот бизнис останува рускиот автомобилски пазар, кој во февруари има регистрирано пораст од 24,7 проценти .
Изненадува и напредокот на бизнисот во Бразил и во Аргентина каде што во минатиот месец биле продадени 217.336 автомобили што е за 14,9 проценти повеќе во однос на февруари минатата година.