Досега им се чудевме и им завидувавме на полицајците во Дубаи, кои имаа многу уникатни, скапи и „бесни“ возила. Но, сега слична „среќа“ ги снајде и полицајците од Риверсајд, Калифорнија. Нивниот возен парк е побогат за едно моќно возило – Ford Mustang.
Но, по што се разликува овој Mustang од другите слични автомобили? Самата појава на Mustang значи дека евентуално оние што размислуваат да бегаат нема да имаат шанса да бидат побрзо. Но, дополнително овој Mustang е засилен. Има 5 литарски V8 мотор со компресор што испорачува 740 КС и развива 812 Нм вртежен момент.
Станува збор за стандардна верзија на Mustang што сепак компанијата Sleen ја има подобрено, засилен е системот за суспензија и дополнително има посилни сопирачки.
Компанијата тврди дека ова е еден од најбрзите полициски возила на сите времиња. Полицајците што ќе го управуваат возилото морале да минат специјална дополнителна обука.