Швеѓаните со нов изум: Ги чистат замрзнатите патишта со помош на возачите

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во Шведска воведоа невообичаен начин за борба со замрзнатите патишта, а за таа цел користат податоци од 900 приватни автомобили. Нивните електронски системи ги земаат предвид местата, на кои има создадено мраз на патот и ги „информираат“ соодветните оддели, кои според добиените податоци испраќаат тим за чистење на проблематичната област.

Со цел процесот да биде максимално ефективен, дури е воведно и планирање на маршрутата по која минуваат автомобилите. Експертите се заинтересирани за податоците од системот за стабилност, како и за системот за запирање. Сите нивни информации се анонимни во управувањето со транспортот.

Како што информира локалниот канал SVT, досега властите користеле помош од 900 возила. Програмата работи во режим на пилот, но се забележува значителна динамика. Досега се забележани 100 милиони точки на патот. Ова сеопфатно следење им помага на патните служби ефикасно да ги отстранат областите каде што треба да се реагира многу брзо.

„Современите автомибили се огромни компјутери со сензори. Со собирање на податоците од системот за стабилност и од системот за сопирање на автомобилите, многу лесно може да се добие информации за состојбата на патот. Таа е особено важна и им помага на луѓето, кои треба да минат низ тие места“, изјавува шефот на програмата, Олоф Јохансон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK