Што возач Ѓоковиќ, Федерер, Надал?

ОБЈАВЕНО НА:

Тенисерите, кошаркарите и останатите спортиски се во сенка на фудбалерите кои секогаш заземаат поголем простор во медиумите. Како што привлекуваат внимание самите фудбалери со своите автомобили, така голем интерес привлекуваат и тенисерите со својот возен парк.

Причина за тоа е што тенисот е индивидуален спорт, па просечната годишна заработка на тенисерот, и покрај тоа што фудбалот е далеку попопуларен од тенисот, е речиси на исто ниво како и кај фудбалот. Тоа во целост овозможува тенисерите да си допуштат луксузен живот проследен со луксузен возен парк.

И ако во моментов прашате кои се најпознатите тенисери секако ќе ви одговорат: Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал. Секако интересно е да се знае какви модели на автомобили тие возат. Секако дека некои имаат спонзорски договори, но тоа не ги ограничува во гаражите да имаат и други автомобили.

Роџер Федерер во својата гаража има бројни возила, но највпечатливи се неколкуте модели на Mercedes од кој може да се издвои AMG SLS Roadster. Најдобрата тенисерка во 21. век, Серена Вилијамс има одлична гаража во која се наоѓаат Aston Martin Vanquish, Aston Martin Valkyrie, Bentley Continental GT, Range Rover, Mini Cooper, Dodge Viper RT10…

tmp_lwvD2S_b531f4431c04279e_serena-lincoln-05.jpg

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ исто така може да се пофали со богата збирка на автомобили. Тој поседува неколку модели од брендовите на BMW, Audi и Mercedes, а последно, како учесник на кампањата на Peugeot се здоби и со нов електричен 208.

Австралијката Еш Берти која котира високо на ВТА листата поседува Jaguar F-Pace кој сега го вози како замена за Ford Focus, автомобил кој го возела пред неколку години.

Рафаел Надал е тенисерот кој има потпишано многу спонзорски договори, а еден од нив е и со јужнокорејскиот производител Kia. Оттука, покрај тоа што поседува неколку примероци од овој производител, во гаражата располага и со неколку Mercedes AMG модели кои ги освои како дел од победите на турнирот во Штутгарт, а поседува и Land Rover, Lamborghini и Jaguar.

Од останатите тенисери, Марија Шарапова е верна на Porsche брендот. Наоми Осака е патриотка па вози Nissan. Александер Зверев и Хуан Дел Потро возат Peugeot, а некој од моделите на Jaguar се паркирани во гаражите на Енди Мареј, Милос Раоник и Кеи Нишикори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK