Што се случува, кога при 200 км/ч ќе стиснете електрична рачна кочница? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите со класична рачна кочница се во сè помал број и се сè помалку, па наскоро возачите најверојатно нема да ја имаат на располагање во возилото. На тој начин ќе треба да се задоволат со малиот прекинувач, кој се среќава на сè поголем број на автомобили.

Од една страна користењето на електрична сопирачка, која се активира веднаш после паркирањето на возилото, е многу удобно, но од друга, таков дизајн јасно ја ограничува употребата на рачната сопирачка. Или, можеби не е така? И што ќе се случи, ако при голема брзина се притисне прекинувачот и тој се активира?

Одговор на овие прашања се обиде да даде водителот на британското автомобилско шоу Top Gear, Крис Харис, кој лично провери како работи електричната рачна кочница при движење со полн гас. Тој го забрза хечбекот Volkswagen Golf R до близу 200 км/ч, кога го активираше прекинувачот. Место да запре нагло со блокирани и задимени гуми, автомобилот едноставно ја намали брзината до целосно застанување.

Во видеотот Харис се обиде да даде одговор и на друго прашање – Дали електричната рачна кочница може да се користи за минување во кривини, при кои стандардниот уред обезбедува лизгање? Можете самите да се уверите, дали е тоа можно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK