Се враќа Twingo Cup – Македонците викендов ќе возат на Хунгароринг

ОБЈАВЕНО НА:

Twingo Cup се враќа по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 и тоа на повисоко натпреварувачко ниво FIA CEZ (FIA Central European Zone).

Новата сезона ја стартуваме овој викенд со закажани две трки на 17.04.2021 год. (Сабота) во Унгарија на легендарната патека „Hungaroring“. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на TWINGO EUROCUP 2021.

Нашите натпреварувачи се: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

На „ Hungaroring “ во Сабота “силите ќе се мерат” со останати 19 други натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија.

За време на тренинзите и трката ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид 19.

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во:
Серес – Грција (Јуни),
Гробник – Хрватска (Јули),
Словакиаринг – Словачка (Август),
Red bull Ring – Австрија (Септември)
Серес – Грција (Ноември) CEZ

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK