Подготвува ли Mazda ново спортско купе? AutoGuide објави документ во кој се гледа како јапонскиот производител го заштитил називот MX-6.
Иако нема официјални информации, сепак шпекулациите кажуваат дека Mazda по нешто повеќе од 20 години ќе има можност повторно да го воведе моделот MX-6.
Доколку тоа се случи, Mazda за прв пат по неколку децении во глобалната понуда истовремено ќе има два спортски купе автомобили. Во моментов во овој сегмент е претставен со моделот MX-5 попознат како Miyata, а овој модел Mazda го развиваше заедно со Fiat па оттука моделот 124 на Fiat се базира на иста платформа.
Инаку историски гледано, MX-6 е модел кој јапонскиот производител го произведуваше во периодот од 1987 до 1997 година. Во овој период беа лансирани две генерации, а голем успех имаше на американскиот пазар каде оствари најголем дел од продажбата.