Се подготвува казна против BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејските власти подготвуваат казна против германскиот производител BMW во висина од 10 милиони евра, пренесуваат медиумите во оваа азијска земја.

Причината за ова е неодамнешното повлекување што BMW го спроведе во оваа земја поради опожарувањето на BMW автомобили.

Во август годинава од овој пазар BMW повлече 324.000 автомобили поради опасност од пожар. Како што беше наведено тогаш, ова причината за ова повлекување се можните технички пропусти кои доведуваат до појава на пожар. Тогаш првиот човек на BMW Korea, Ким Хјо Јон јавно се извини за непосакуваните настани.

Токму поради признавањето на вината како и резултатите од спроведената истрага, властите во Јужна Кореа земајќи ги во предвид и тужбите од бројните сопственици има можност да поднесе налог до BMW за исплата на 10 милиони евра на име оштета.

Конечниот епилог од оваа истрага ќе биде познат на почетокот на следната година.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK