Се откажува од автономно возило: Apple отпушти 200 вработени од проектот “Титан”

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот технолошки гиган Apple објави дека ќе отпушти 200 вработени вклучени во проектот за автономно возило Титан.

При тоа, од Apple соопштија дека овој потег не значи дека компанијaта полека, но сигурно го напушта проектот кој пред неколку години беше на големо најавуван.

“Имаме неверојатно талентиран тим кој работи на автономни системи и слична технологија” изјави портпаролот на компанијата кој додаде дека тимот кој иницијално беше формиран исполнил дел од целите, па сега ќе биде распореден на други проекти во рамките на компанијата.

Останатиот дел од тимот кој работи на проектот Титан и натаму ќе продолжи да работи на овој проект, но на други задачи поврзани со овој проект. Заклучно со август минатата година на овој проект работеле 2.700 лица.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK