Роботот Spot на Hyundai ги доби првите наредби (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на јуни, Hyundai Motor Group најави финализирање на договорот за купување на Boston Dynamics од SoftBank по цена од 1,1 милијарди американски долари. Сега од индустрискиот гигант најавуваат прва вистинска примена и обврски за производот, кој нема еквивалент на пазарот, а станува збор за роботот Spot.

Со програмата Factory Safety Service Robot, Hyundai Motor Group го прави првиот чекор кон реализација на новата иницијатива за зголемување на безбедноста на своите комплекси, а оттаму и вработените, со воведувањето на Spot во улогата на „ноќен чувар“.

Со исклучително сериозно развиена вештачка интелигенција, фунцкиите за автономна навигација на отворени и затворени простори благодарение на 3D LiDAR сензори, Spot дава можност на своите оператори да ја следат опремата директно од нивните контролни простории.

„Factory Safety Service Robot е првиот заеднички проект со Boston Dynamics“, споделуваат од Hyundai Motor Group Robotics.

„Роботот ќе помага за регистрирањето на ризици и ќе гарантира за безбедноста на луѓето во индустриските зони“, додадаат од Hyundai Motor Group Robotics.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK