Rivian ги отвора првите продажни салони

ОБЈАВЕНО НА:

Откако заврши со развојот на својот модел, но и други неколку концепти, американскиот производител Rivian наскоро ќе ги отвори своите први два продажни салони. Истите се наоѓаат во САД и ќе бидат отворени во Чикаго и Лос Анџелес.

Овие два салони се дел од планот за отворање на вкупно 10 изложбено-продажни салони низ САД оваа година. Од следната година се планира и проширување на изложбено-продажните салони, во САД, но и во Канада.

Во двата салони ќе бидат претставени моделите R1T и R1S, а потенцијалните купувачи ќе може да се запознаат непосредно, пред купувањето да го направат преку интернет. Цената на првиот модел почнува од 75.000 американски долари, додека SUV моделот се продава по почетна цена од 77.500 долари.

Crain’s Chicago Business покрај деталите за првиот салон во Чикаго објави дека производителот ќе формира и 41 сервис ширум САД.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK