Renault работи на новиот Kadjar

ОБЈАВЕНО НА:

Renault активно работи на подготовка на новата генерација на моделот Kadjar, пренесуваат француските медиуми. Овој компактен кросовер ќе се темели на истата платформа како и новате генерација на Nissan Qashqai, па оттука покрај димензиите, втората генерација на Kadjar треба да ја наследи и технологијата.

Новиот Kadjar потврдено е дека ќе дојде и со електрична верзија. Иако неофицијално, се дознава дека истата ќе биде во комбинација со 1,3 литарски турбо-бензински мотор заедно со хибридна технологија од 12 V. Истиот овој мотор е достапен кај моделот Qashqai каде доаѓа во верзија од 140 КС и верзија од 158 КС.

Место во понудата ќе има и за 1,5 литарскиот e-Power хибридна верзија како и со чисто бензински 1,5 литарски мотор и послабиот, 1,2 литарски.

Премиерата на новиот Kadjar се очекува во текот на летото, а во производство ќе се појави кон крајот на оваа година или не подоцна од првиот квартал следната година. Производството и натаму ќе се спроведува во Паленсија (Шпанија) и Вухан (Кина) каде во моментов се произведува првата генерација кој беше претставена во 2015 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK