Election véhicule utilitaire de l’année, stand Renault, Salon Solutrans à Lyon-Eurexpo, France, le 17 novembre 2021- Photo Bastien Roux / DPPI

Renault Kangoo Van е меѓународно комби на годината за 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Renault Kangoo Van ја освои престижната награда за меѓународно комби (лесно доставно возило) на годината што го доделува жири составено од 24 водечки новинари специјализирани за комерцијални, индустриски и транспортни возила. Наградата е освоена во конкуренција на 14 лесно комерцијални возила од 11 различни брендови што беа претставени последите месеци.

Наградата беше доделена за време на автомобилскиот саем во Лион, каде Џарлат Свини, претседател на жирито на IVOTY, на Марк Сатклиф, постар потпретседател, единицата за лесни возила од групата Renault, му ја врачи наградата за новото Kangoo.

За жирито на IVOTY, главен критериум за наградата за меѓународно комби на годината е придонесот на моделите за ефикасност, безбедност, одржливост и еколошки стандарди во секторот за лесно доставни возила. Ова е четврти пат лесно доставно возило на Renault да ја освои наградата IVOTY: Master (1998), Trafic (2002) и Kangoo Z.E. (2012).

Новиот Kangoo Van е наменет првенствено за корпоративни клиенти со висока барања кои сакаат персонализиран автомобил кој може да се пофали со најнова технологија и иновации и ги задоволува нивните деловни потреби. Иновативното лесно доставно возило со атлетски и динамичен стил, има:

• Можност за лесно товарање благодарение на револуционерната иновација позната како „Open Sesame by Renault“; со отстранет B-столб, моделот може да се пофали со најширок страничен пристап на пазарот со отворање на вратата од 1,45 метри. Како и „Easy Inside Rack“, внатрешен багажник што се извлекува за безбедно складирање на долги предмети под таванот на моделот за оптимизирање на главниот простор за складирање.

• Најдобрите параметри во класата со стандардна верзија со носивост до 3,9 m3, максимална носивост од 600 kg (со можност за зголемување до 800 kg како дополнителна опрема) и капацитет на влечење од 1.500 kg.

• Модерен, софистициран и ергономски ентериер со подобрена термичка и акустична удобност, 60 литри простор за складирање и седишта за најмногу тројца возрасни во кокпитот. Оваа конфигурација значи дека кабината може да се претвори во мобилна канцеларија со преклопување на централниот потпирач за грб.

• 12 најсовремени системи за поддршка, вклучувајќи постојана камера за заден поглед, активна помош при сопирањето, пакет за автономно возење, вклучувајќи адаптивна контрола на патувањето и помошник за одржување на лентата.

• Опсег на ефикасни 1,3-литарски бензински и 1,5-литарски дизел мотори достапни со 6-брзински мануелен или 7-брзински EDC автоматски менувач, како и два Ecoleader мотори со ограничена потрошувачка на гориво до 4,8 l / 100 km (дизел) и 6,1 l / 100 km (бензин).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK