Тимот на PSS Racing имаше одличен викенд на TCR Europe трката во Холандија, откако Франко Џиролами со перфектно возење победи, а Виктор Давидовски повторно беше во Топ-10 освојувајќи бодови. За Џиролами ова е прв триумф во TCR Europe, а Давидовски ја продолжува серијата на освојување бодови во најпрестижното натпреварување со туристички возила во Европа.
Франко Џиролами имаше одличен старт на втората трка и уште на првите свиоци се искачи место погоре и беше третопласиран. Потоа во следниот круг возачот на PSS Racing продолжи да притиска кон возачите на Hyundai и веќе во вториот круг ги престигна Ланвелд и Кларе, и Аргентинецот го запоседна врвот продолжувајќи како лидер.. Во тие моменти на задниот дел од колоната имаше инцидент меѓу три возила кои излетаа по што безбедносното возило излезе на патеката.
Другиот возач на PSS Racing, Виктор Давидовски скокна три места погоре и од третиот круг веќе продолжи како десеттопласиран на трката. Безбедносното возило неколку кругови се задржа на патеката додека истата не се исчисти, а механичарите на вчерашниот победник Том Коронел се обидуваа да го подготват возилото за да може да продолжи, сепак од последниот ред.
Со продолжувањето на трката во 5 круг откако безбедносното возило се повлече од патеката Џиролами продолжи да притиска на педалот за гаста и го предводеле тркачкото коло во Холандија. Давидовски профитираше повторно од излетувањето на Џек Јанг кој сакаше малку по рискантно да добие позиција, но не успеа да го задржи автомобилот и заврши во песокта, но откако се врати беше на опашката од колоната. Давидовски од 7 круг е веќе на 9 место.
Виктор Давидовски половина од трката ја помина на 9 место, и остана до последните свиоци, но сепак не го притисокот и на крајот заврши како 10. Сепак најважно е дека извозе сигурна трка без грешки и освои важни бодови.
Гледајте ја трката на Зандворт на која Џиролами победи, а Давидовски беше во Топ-10.