Првиот хибрид на Lamborghini доби име

ОБЈАВЕНО НА:

Првото хибридно Lamborghini познато под индексот LB48H во рамки на компанијата, ќе се нарекува Unico. Тиражот на овој бензин-електричен автомобил ќе биде ограничен на три возила, а неговат цена ќе биде 2,18 милиони евра по автомобил.

Суперхибридот ќе има дизајн според мотиви од футуристичкиот прототип Terzo Millennio, кој беше промовиран во ноември минатата година на саемот EmTech во Кембриџ во Масачусетс. Моторот на Unico ќе се состои од атмосферски V12 со моќност од 800 коњски сили и електромотор со уште 50 коњи, додека првите примероци ќе бидат доставени до купувачите во втората половина на 2019 година.

Концепциското Lamborghini Terzo Millennio (“Третиот милениум”) е развиено во соработка со технолошкиот институт во Масачусетс. Според замислата на инженерите хиперавтомобилот треба да биде управуван од целосно електрилчна централа која ќе се напојува од суперкондензатори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK