Првата жртва е позната – Alfa Romeo ја одложува експанзијата

ОБЈАВЕНО НА:

Иако спојувањето официјално сеуште не е спроведено, првата жртва е веќе позната. Првиот човек на FCA објави дека Alfa Romeo нема да го спроведе планот кој минатата година беше усвоен.

Поради недостаток на финансиски средства, но и неодложни заштедувања, Alfa Romeo во наредниот период нема да ги лансира предвидените модели. Тоа значи дека следната година нема да го видиме наследникот на 4C, а ниту новата GTV.

Наместо тоа во наредниот период т.е. веќе следната година ќе Alfa Romeo ќе ја претстави продукциската верзија на моделот Tonale, а година подоцна ќе претстави уште еден SUV кој ќе се позиционира над Stelvio, но и освежените Giulia и Stelvio.

Вака ограничените инвестиции ќе придонесе да во наредниот период не го видиме наследникот на Giulietta.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK