Прв електромобил кој се полни за пет минути, а вози 500 км

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот автомобилски бренд Piëch Automotive го претстави концептот на електричен спортски автомобил со кодно име Mark Zero, a премиерата ја имаше на саемот во Женева.

Ова е само првиот од палетата производи кои овој бренд планира да ги претстави во следните три години. Piëch Mark Zero е е електрично купе кое го движат три електромотори.

Моторот на предната оска продуцира 204 коњски сили, а два синхронизирани мотори од страна произведуваат исто така 204 коњски сили. За забрзување до 100 км/ч му требаат 3,2 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е 250 км/ч.

Капацитетот на батериите обезбедува автономија од 500 километри, а во компаниајта велат дека станузва збор за целосно нова врста на ќелии кои едвај се загреваат и овозможуваат неверојатна брзина на полнење. За 80 проценти капацитет треба помалку од пет минути што е малку повеќе отколку за полнење автомобил со гориво на бензинска пумпа.

Поради слабото загревање, батериите се ладат само со воздух, што резултираше со заштеда во вкупната маса на автомобилот за дури 200 килограми. Вкупната тежина на автомобилот е помала од 1800 килограми.

Батериите ги произведува компанијата Desten Group Ltd. од Хонг Конг, а за инфрастуктурата за полнење се грижи компанијата Qindao Tgood Electric Co. Ltd. со седиште во Кина и во Хонг Конг, која е глобален лидер во инфраструктурата за полнење и eHouse решенијата. TGood одржува повеќе од 210.000 станици за полнење во повеќе од 300 града. Не се знае како полнењето на батериите ќе биде изведено на европскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK