Пред нешто повеќе од две недели, а на само неколку месеци од почетокот на продажбата, Volkswagen објави дека ќе започне со прекин на испораката и повлекување на моделот Golf.
Причината за ова повлекување се проблеми во софтверот кој оневозможуваат нормално функционирање на одредени функции.
Сега, Volkswagen продолжува со испораката и непречената продажба откако за многу кратко време го надмина проблемот околу спорниот софтвер, изјави портпаролот на производителот. Тој за германските медиуми изјави дека грешката е најдена и направен е успешен апдејт.
Од минатата есен вкупно 30 илјади примероци од осмата генерација на Golf беа произведени со софтверска грешка.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]