Пристигна првиот пренослив полнач за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов најголемиот проблем за електричните возила е што нема доволно развиена мрежа на полначи каде би можеле да ја наполните батеријата. Почетокот на електрификацијата сигурно ќе ве потсети на времињата кога во воизилата се носеа канти со гориво во случај да треба да се дотури во резервоарот.

Сега веќе почнуваат да се нудат и батериски полначи, односно резервоари кои ќе им овозможат на возачите на електрични возила да бидат спокојни доколку возат и се појави недостаток на струја, а нема во близина полнач.

Преносливите електрични полначи, претставени на вчерашниот самит COP26, се со големина на мал куфер.

Тоа што со себе ќе имаат резерви на енергија, со кои во секое време ќе можат да го надополнуваат своето возило, ќе им овозможи на возачите на електрични автомобили да тргнат на пат без страв дека ќе останат без батерија и немање јавни полначи.

„COP26 е идеално место да се претстави на светот преносливиот полнач за е-возила ZipCharge Go“, изјави еден од основачите на ZipCharge, Џонатан Кериер.

Овој полнач го снабдува возилото со дополнителни 32 до 64 километри, што е доволно за дневни потреби и градско возење. Иако капацитетот на преносливиот полнач некому ќе изгледа недоволен, од компанијата наведуваат дека со полнењето често се намалува оптоварувањето на електричната мрежа.

Полнењето на батеријата, во зависност од возилото и температурата, трае од 30 минути до еден час, а може да се контролира со помош на апликацијата „Go“, која ве известува за статусот на полнење и автоматски го закажува.

ZipCharge Go ќе може да се полни на стандарден домашен штекер, а двонасочниот AC-DC инвертер овозможува полнење од електрична мрежа или од единица до електрична мрежа, така што преносливиот полнач може да се користи и за складирање на електрична енергија.

При претставувањето на преносните полначи, првиот човек на компанијата најави дека тие ќе бидат во продажба следната година, иако не ја прецизираше цената на истите. Сепак, ZipCharge Go нема да биде поскап од стандардните домашни полначи кои се во продажба, а најавена е и можност за користење на пренослив полнач со месечна претплата.

Големината на стандарден куфер, пренослив полнач ќе биде идеален за патување и за оние кои сакаат да го полнат своето возило каде и да паркираат – на работа, дома или на јавни места.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK