Како што и најави, Infiniti го претстави моделот QX55, првото кросовер купе кое доаѓа како конкурент на BMW X4 и Mercedes GLC.
Станува збор за модел кој во основа се базира на третата генерација на QX50 која беше претставена минатата година. Оттука и дизајнот е во целост “позајмен” од овој модел со тоа што клучната разлика е задниот дел кој е сега соодветно спуштен.
QX55 под хаубата го има истиот мотор како и QX50, 2,0 литарскиот I4 бензински мотор кој продуцира максимални 268 КС.
Како премиум бренд на Nissan, овој модел остава позитивен впечаток и во внатрешноста која е обложена со кожа, а во која доминира два екрани осетливи на допир централно поставени како и полу-дигитална инструментлна табла.
Infiniti QX55
Цената не е позната, а се очекува истата САД да изнесува 43 илјади долари, а за Essential нивото на опрема потребна е доплата од околу 7 илјади долари.
Овој модел ќе биде дел од глобалната понуда на Infiniti.