Почна производството на Opel Astra во фабриката во Риселсхајм

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Astra е клучен за стратегијата за електрификација на Opel за 2022 година. Astra воведува нови технологии во компактната класа. Редовното производство на новата Opel Astra во фабриката во Риселсхајм во Германија беше официјално означено. Извршниот директор на Opel, Уве Хохгешурц, ги пречека премиерот на Хесен, Фолкер Буфиер, министерот за економија на Хесен, Тарек Ал-Вазир и градоначалникот на Риселсхајм, Удо Бауш во фабриката во Риселсхајм, за да бидат сведоци на производството на новата Opel Astra.

Досега се произведени околу 500 автомобили. Во наредните месеци, новата генерација на Opel Astra ќе биде клучен момент во офанзивата за електрификација на автомобилската марка од Риселсхајм. Astra се очекува да пристигне во дилерите и клиентите кон средината на годината. Моделот ќе биде достапен и како plug-in хибрид. Во 2023 година, целосно електричниот Astra-e ќе ја комплетира гамата.

„Новата Astra е дизајнирана со љубов и посветеност до најмалите детали. Ова е првиот автомобил што го претставив кога ја презедов функцијата извршен директор на Opel и очигледно имам посебна врска со овој компактен бестселер“, рече извршниот директор на Opel, Уве Хохгешурц за време на настанот. „Развиен, дизајниран и произведен во нашето седиште во Риселсхајм, овој модел ќе даде нов почеток на брендот. Едвај чекам да ја видам новата Astra во салоните на дилерите на Opel и во рацете на нашите клиенти.

Новата Opel Astra е дизајнерско ремек-дело на марката. Моделот е исклучително динамичен, со чисти, рамни површини, детоксифицирани од непотребни елементи и го носи новиот лик на марката – Opel Vizor. Astra дава јасна најава за технологијата и системите за помош што ги носи во компактната класа. Иновации за кои клиентите се свесни и ги добиваат само кај автомобилите од повисоките сегменти. Еден белег на широкото портфолио е најновата верзија на адаптивното осветлување Intelli-Lux LED® Pixel без сјај. Системот доаѓа директно од предводниците на Opel Insignia и Grandland и со своите 168 LED елементи е лидер во компактната и средната класа.

Скок во времето е и внатрешноста на новата генерација на Astra. Со целосно дигиталниот кокпит Pure Panel, аналогните инструменти заминуваат во историјата. На нивно место, новиот интерфејс човек-машина (HMI) со свежа, модерна графика им нуди на клиентите почисто, поинтуитивно искуство. Контролата е преку исклучително широк екран на допир. Дополнително, важните поставки како што е контролата на климата сè уште може да се изберат директно преку само неколку прекинувачи. Никогаш порано Opel не бил толку интуитивен и лесен за возење како новата Astra.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK