Поради постојаните промени на цените на бензинот и честиот пораст, се бараат користени автомобили со колку е можно повеќе економични мотори. Најчесто се носи одлука за бензинци со оглед на тоа што дизелите се генерално поекономични, но во исто време и поскапи за одржување.
Cпoрeд Соnsumеr Rеpоrts луѓето кои имаат понизок месечен буџет треба да се ориентираат кон оние користени автомобили, кои се со пониска цена за купување и пониска цена за користење.
Овие користени автомобили се само некои од достапните опции со добри оценки за потрошувачка на горивото.
Hоndа Insight 2001
Овој користен автомобил беше првиот хибрид, кој се појави на пазато. Тој не е многу распространет на пазарите на Балканот, но нуди просечна потрошувачка од 4,4 литри на 100 км.
Tоyоtа Prius 2010
Не е случајно што моделот се користи од некои од такси компаниите во земјите на Балканот. Тој се претставува подобро при градско возење отколку на отворен пат. Просечната потрошувачка на гориво е 5 литри на 100 км.
Hоndа Сiviс Hybrid 2010
Овој хибриден автомобил се базира на седмата генерација на Сiviс. Првиот хибрид Сiviс во САД датира од 2002 година. Овој најкористен автомобил импресионира со безбедност и со средна потрошувачка на гориво о 5,6 литри на 100 км.
Vоlkswаgеn Gоlf Mk6 2009
Независно од фактот дека не е хибрид, овој користен автомобил сè уште успева да постигне добра потрошувачка на гориво. Тука конкретно танува збор за основниот 1.4-литарски бензинов мотор, кој е атмосферски и кој се карактеризира со просечна потрошувачка на гориво од 5,4 литри на 100 километри.
Сhеvrоlеt Spаrk 2016
Станува збор за четвртата генерација на овој користен автомобил со мала километража, кој е неверојатен за заштеда на пари. Верзијата со еднолитарски мотор троши просечно шест литри на 100 километри.