Позната главната слабост на електромобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите со електромобилите се присутни одамна кај сопствениците на возилата, но сега истите се потврдени и од страна на експерти од Американската автомобилска асоцијација (American Automobile Association AAA).

Станува збор за тоа дека ниските температури во голема мера го намалуваат растојанието кое може да го помине еден автомобил со едно полнење на батериите. Студијата на ААА покажува дека при температура од минус 7 степени целзиусови опсегот на електромобилите се намалува за 41%.

Исто така необично е и тоа што премногу високи температури имаат негативен ефект над електричните возила. Студијата покажа дека на +35 степени, кога климата е вклучена километражата што може да биде помината со едно полнесе се намалува за 17%/ Истражувањето е направно кај BMW i3s, Chevrolet Bolt EV, Nissan Leaf, Tesla Model S и Volkswagen e-Golf, а наодите велат дека феноменот се однесува нас ите тестирани електромобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK