После 83 години седење во гаража – запали од прва и возеше (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Отсекогаш имало дилема, дали автомобилите што сега се произведуваат се поквалитетни, или пак оние што излегле од фабриките пред повеќе децении. Во многу ситуации токму оние заборавени возила, полни со прашина и неактивни, многу лесно биле ставани во функција. доказ дека порано произведувале квалитет е и ова приказна од САД.

Таму во една стара гаража е пронајден стар Dodge, произведен во далечната 1924 година, кој се покажа дека е во доста добра состојба. Автомобилот бил оставен 83 години, а за тоа време не бил внимателно складиран. На овој автомобил беше посветено видео на YouTube каналот Classic Car Rescue.

Авторите на видеото успеаја да утврдат дека купето Dodge Series 116 се чувало во дрвена гаража во 1940 година и оттогаш неговиот мотор не бил запален. Изненадувачки, излегува дека толку стар автомобилот е сочуван доста добро.

На каросеријата на овој Dodge од 1924 година има многу малку ‘рѓа, само требало да се исчисти од прашина и нечистотија. Внатрешноста е неоштетена – облогата на седиштето и вратата се недопрени и им треба само хемиско чистење.

Сепак, најмногу изненади моторот на Dodge. Откако се исчисти и смени маслото и секако се наполни автомобилот со гориво, автомобилот тргна. И не само тоа, туку за прв пат по 83 години, автомобилот можеше да излезе сам, па дури и да вози на патот. Сега оваа „временска капсула“ чека целосна реставрација.

Dodge Series 116 се произведуваше од 1922 до 1925 година. Автомобилот беше опремен со голем 3,5-литарски четирицилиндричен мотор со моќност од 35 КС. и е во состојба да развие 80 km/h. Доби ретки за тоа време опции – брави на врати, греење и прозорци што се спуштаат.

Како изгледаше неговото прво излегување „од самица“ после 80 години и прошетката по улица погледнете во видеото.

https://youtu.be/KaMcs1Lg5F0

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK