Porsche се префрла на струја – САМО ОВОЈ модел ќе биде на БЕНЗИН

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на спортски автомобили Porsche има план постепено да ја електрифицира својата гама, така што електричните возила ќе учествуваат со 80 отсто од продажбата до 2030 година. Сепак, се очекува дека една петтина од продадените автомобили тогаш ќе бидат Porsche 911, кои ќе имаат мотори со внатрешно согорување. И тој модел ќе го задржи бензинскиот мотор односно моторот со внатрешно согорување се додека е тоа можно, што подолго.

Плановите за електрификација на Porsche се под будното око на јавноста, вклучително и активистите за заштита на животната средина, пред се поради нејзините инвестиции во е-гориво и нејзиното инсистирање ЕУ да дозволи продажба на возила со конвенционален погон по 2035 година.

Porsche, кој претходно не најави дека ќе понуди само еден модел со внатрешно согорување е тесно поврзан со е-гориво поради инвестирањето во енергетската компанија HIF Global од Чиле, која произведува синтетичко гориво.

Германскиот производител планира да го електрифицира компактниот теренец Macan, проследен со електрични верзии на моделите 718 Cayman и Boxter, додека Cayenne и Panamera на крајот ќе станат електрични.

Сепак, исклучок е легендарниот 911, на кого отпаѓа 13 проценти од продажбата минатата година.

„Нашата стратегија е прво да се префрлиме на електрична мобилност, но ќе го произведуваме 911 со бензински мотори онолку долго колку што можеме“, рече Карл Думс, лидер на тимот на Porsche задолжен за развој на е-гориво.

Автомобилските експерти тврдат дека е-гориво во иднина ќе користат само спортски и многу скапи модели. Огромното мнозинство на производители воопшто нема да понудат автомобили со опција за е-гориво погон, бидејќи веќе имаат инвестирано вкупно околу 1,2 трилиони долари во електрификација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK