Porsche наскоро ќе зпаочне со изградба на фабрика за каросериско производство во Словачка, откриваат словачките медиуми.
Фабриката чија локација се уште не е позната би требало да започне да се гради во втората половина следната година. Во неа ќе се вработат околу 1.200 работници.
Засега не е познато кои модели ќе се произведуваат во оваа фабрика, но се претпоставува дека тука ќе се произведува Porsche Cayenne, модел кој сега се произведува во фабриката на VW во Братислава. Покрај оваа фабрика, Volkswagen Групацијата во Словачка поседува уште една фабрика, во градот Мартин во која се произведуваат најразлични делови.
Со оваа фабрика Словачка ќе го зголеми годишното производство на автомобили кое сега, по глава на жител е најголемо во глобални рамки.