Поради топлотниот бран кој го зафати европскиот континент многу земји преземаат најразлични чекори со цел да ги намалат ефектите од овие високи температура.
Една од земјите е и Германија каде тамошните власти донесоа одлука за ограничување на брзината на автопатиштата каде воопшто не постоее ограничување.
Деновиве во Германија се најавуваат температури од 38.2° C што е многу повеќе од вообичаено за оваа централно европска земја. Оттука донесена е одлука за на одредени секции од автопатиштата се ограничи максималната брзина на движење и тоа на само 100 км/ч.
Ова не е прв пад да се воведе ограничување на движењето на автопатите во Германија. Тоа преходно е направено неколку пати, а експерите предупредуваат дека тоа може да се случува многу често особено поради глобалното затоплување, пренесува Дојче Веле.