Полицајците од ЕБРД ќе се возат со Renault

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за внатрешни работи на Македонија се поднови со 15 комби возила од марката Renault што ќе бидат на располагање на Единицата за брзо распоредување (ЕБРД).

Возилата се со дизелски мотор со можност од 145 КС, имаат вкупно 9 седишта, 2 лизгачки врати, од двете страни, што ќе придонесе за побрза реакција, голем багажен простор за опремата и безбедносни решетки на стаклените делови и фарови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK