Добро е познато дека во Норвешка има најмногу електрични автомобили по глава на жител. Оттука и не треба да чуди фактот што токму електричен автомобил е избран за автомобил на годината во оваа скандинавска земја.
Наградата за “Автомобил на годината” припадна на Polestar 2 кој успеа да победи пред повеќе електрични автомобили.
“Да се освои наградата за автомобил во Норвешка, најнапредниот EV пазар, е огромно достигнување за нашат млада марка. Норвешка е клучен пазар од почетокот на нашето патување, а ова признанија нас не мотивира да продолжиме да се пробиваме и кроиме овој пат” изјави Томас Ингенлат, извршниот директор на Polestar.
Производството на овој модел започна во март годинава, а во Европа се увезува од Кина каде и се произведува. Располага со 78 kWh батерија која според WLTP стандардите овозможува автономија од 470 км.